2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКанада сé уште се надева на потпишување на договорот за слободна трговија...

Канада сé уште се надева на потпишување на договорот за слободна трговија со ЕУ

160315_canada

Канада се надева дека потпишувањето на договорот за слободна трговија (CETA) со Европската унија (ЕУ) ќе се оствари во четврток, и покрај на досегашното одбивање на белгиската покраина Валонија, изјавила канадската министерка за меѓународна трговија Кристија Фриленд, пренесуваат светските агенции.

„Се надевам дека ќе се оствари.Топката е сега кај Европа“, изјавила Фриленд по враќањето во Отава. „СЕТА не е мртов, работиме без престан на укинувањето на валонското вето“, нагласила таа.

Белгискиот премиер Шарл Мишел во понеделникот, пак, изјави дека неговата земја сé уште не може да даде согласност за потпишување на договорот за слободна трговија на Европската унија со Канада, кој го отфрли Валонија, бидејќи уште нема договор со оваа покраина, додека истовремено радиото Premiere објави дека властите на Брисел ја поддржале позицијата на споменатиот франкофон регион.

Челникот на Социјалистичката партија на Валонија, Елио Ди Рупо, изјавил дека тие „сакаат напредок, кој ќе го анализираат адвокатските канцеларии и експертите, и сето тоа би траело со седмици“. Спикерот на парламентот на Валонија, Андре Антоан, од своја страна во понеделникот порача дека „нема да биде возможно да се испочитува ултиматумот“ од ЕУ.

Белгија ја сочинуваат неколку федерални ентитети: трите региони Фландрија, Валонија и регионот на главниот град Брисел, како и три јазични заедници – фламанска, француска и германска. Сојузната влада за потпишување на меѓународни договори треба да ја има согласноста на сите три ентитета. Кога Белгија потпишува некој меѓународен договор, секое од седумте избрани тела мора да го ратификува. Европските и канадските власти се уште не го откажаа самитот предвиден за четврток, кога треба да се потпише овој договор, за кој се преговара седум години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП