2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе менува фокусот на пазарот на деловен простор во Европа

Се менува фокусот на пазарот на деловен простор во Европа

ofice335

Фокусот на пазарот на деловен простор во Европа се менува. Во моментов слабее инвеститорскиот интерес за најжешките пазари и се насочува кон други места.

Пазарите на деловен простор во Европа привлекоа значителен инвеститорски интерес по кризата во 2008-ма година, Европската централна банка (ЕЦБ) и Англиската централна банка ги намалија каматните нивоа на историски ниски нивоа што ги направи имотите многу попривлечни за инвеститорите во споредба со другите средства.

Лондон, заедно со Париз и водечките германски градови, се меѓу „милениците“ на инвеститорите. По годините на зголемената побарувачка, сепак вредноста на имотите во овие „жешки точки“ веќе се врти надолу и инвеститорите се повлекуваат.

„Повеќето првокласни пазари во Европа се веќе прилично „overpriced“. Веќе нема толку лесни инвестиции во нив“, коментира Валтер Бјотхер од консултантската компанија „Colliers International“.

Генерално обемот на инвестициите во деловен простор во Европа достигнува 43,7 милијарди евра во првите 9 месеци од годинава, покажуваат податоците на компанијата. Тоа е за 30% помалку во однос на истиот период од 2015-та година, проценува компанијата за податоци „Real Capital Analytics“.

Обемот на инвестициите во Велика Британија води според падот (47% на годишна основа) – делумно поради внимателноста на инвеститорите пред гласањето за „Brexit“, а и поради паниката непосредно по референдумот.

Значителен пад остварија и пазарите во Германија и Франција – односно 35% и 32%.

Сепак, инвестициите во други држави, меѓу кои се Шпанија, Полска, Холандија и Шведска, се зголемуваат. Помалите економии како Австрија и Ирска исто така привлекуваат сериозен обем на инвестиции, бидејќи нудат атрактивни можности и како вид на средства, и како цени. Слични можности на најголемите и најпосакуваните пазари речиси нема.

Инвеститорите во секторот на деловен простор почнаа да се повлекуваат од Лондон доста пред референдумот поради премногу високата цена и малиот избор од соодветни средства. Цените на недвижностите во главниот град на Велика Британија, беа меѓу првите кои тргнаа нагло нагоре по глобалната финансиска криза од 2008-2009 година. Сега тие се исто така меѓу првите кои почнуваат да паѓаат.

Сепак, падот е доста помал отколку што стравуваа некои експерти. Пазарот добива поддршката од страна на странски инвеститори – претежно од Блискиот Исток и Азија, за кои курсот на фунтата во моментов е исклучително поволен.

Меѓународните инвеститори стојат зад 78% од трансакциите со деловен простор во Лондон меѓу јули и септември, кои се пресметуваат во вкупна вредност од над 2,2 милијарди фунти, според податоците на консултантската компанија „Savills“.

Експертите посочуваат дека градот се уште може да понуди долгорочна вредност, иако некои инвестиори започнаа да се насочуваат кон регионалните британски центри – Бирмингем или Манчестер, а причина за тоа се ниските цени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП