6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКинески конгломерат купува 25% од Hilton

Кинески конгломерат купува 25% од Hilton

hilton99

Кинескиот авијациски и бродски конгломерат „HNA Group“ купува удел од 25% во светскиот хотелски синџир „Hilton Worldwide Holdings“ за 6,5 милијарди долари. Продавачот е еден од најактивните и најголемите инвеститори во недвижности во светот – „Blackstone Group LP“, соопштува „Ројтерс“.

„HNA Group“ ќе плати по 26,26 долари по акција, што претставува премија од 14,6 отсто во однос на цената на акцијата во петокот минатата недела.

Зделката ја проценува компанијата на 26 милијарди долари.

„Blackstone“ го купи „Hilton“ на берзата во 2007-ма година за 26,7 милиони долари. Во 2013-та година хотелскиот синџир дебитираше на берзата со најголемото „IPO“ во секторот.

Ова е втора инвестиција на „HNA Group“ во туристичката индустрија на САД во оваа година. Компанијата во април го купи „Carlson Hotels Inc.“ кои го поседуваат синџирот „Radisson“, како и мнозинскиот удел на компанијата во „Rezidor Hotel Group AВ“. Цената на договорот не се открива.

Кинеските компании ги засилуваат своите инвестиции во странство, за да го компензираат доцнењето на локалната економија, наведува новинската агенција. Странските спојувања и превземања од страна на кинеските компании достигнаа рекордни 181 милијарди долари во оваа година, што е за 70% повеќе во однос на целата 2015-та година.

Со договорот за „Hilton“, „HNA Group“ стекнува и 25% удел во бизнисот со недвижности за привремено користење на синџирот. Овој бизнис е моментално во постапка за одделување од основната на угостителската група, а процесот ќе заврши кон крајот на годината.

Договорот ќе и овозможи на „HNA Group“ да назначи две лица во бордот на директори на „Hilton“, кој ќе се зголеми до 10 лица. „Blackstone“ ќе продолжи да има две места во одборот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП