28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа Туск трговскиот договор меѓу ЕУ и Канада сé уште е можен

За Туск трговскиот договор меѓу ЕУ и Канада сé уште е можен

tusk-donald-tusk

Самитот предвиден за четвртокот, 27-ми октомври во Брисел поради потпишување на договорот за слободна трговија меѓу Европската унија и Канада познат по кратенката CETA, „сé уше е можен“, иако Белгија објави дека не може да го потврди, изјави во понеделникот вечерта претседателот на Европскиот совет Доналд Туск велејќи дека со тоа се согласува и канадскиот премиер Џастин Трудо.

„Премиерот Џастин Трудо и јас мислиме дека е возможно одржувањето на самитот во четврток. Ги поддржуваме сите страни во пронаоѓањето решенија. Сé уште има време“, наведе на Twitter претседателот на Европскиот совет Доналд Туск по телефонскиот разговор со премиерот на Канада, пренесе AFP.

ЕУ ја повика во неделата Белгија да објави до понеделник навечер дали ќе го потпише договорот, бидејќи доколку таа не го потпише нема да се одржи Самитот за слободна трговија меѓу ЕУ и Канада, предвиден во четврток во Брисел со присуство на канадскиот премиер Џастин Трудо.

Белгискиот премиер Шарл Мишел во понеделникот попладнето изјави дека неговата земја сé уште не е подготвена да го потпише договорот CETA, бидејќи не го одобри одобрувањето од парламентите на сите белгиски ентитети.

„Бараа денеска јасно да одговориме. Јасен одговор во овој момент е – не“, изјави Мишел, кој веднаш за својот одговор телефонски го известил Туск.

Претседателот на Советот на ЕУ, кој ги претставува 28-те земји членки на Европската унија, на Белгија ѝ даде рок до понеделникот навечер да го објави својот став.

„Сојузната влада не е во позиција да ја потпише CETA. Сојузната влада, германската јазична заедница и Фландрија дадоа согласност, но Бриселскиот регион и франкофоната заедница не“, изјави белгискиот премиер Шарл Мишел на прес-конференцијата по средбата со челниците на јужната белгиска покраина Валонија.

Белгија е единствената од 28-те членки на ЕУ која не даде согласност за потпишувањето на договорот со Канада. Во Белгија сите федерални ентитети, региони и јазични заедници, мора да ја дадат својата согласност на сојузната владата за потпишување на меѓународните договори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП