2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЧелниците на Шкотска, Северна Ирска и Велс разговараа со Меј за Брекзит

Челниците на Шкотска, Северна Ирска и Велс разговараа со Меј за Брекзит

celnici

Челниците на Шкотска, Северна Ирска и Велс се состанаа во понеделникот со британската премиерка Тереза Меј за да разгледаат каква улога ќе имаат овие три членки на Обединетото Кралство во постапката на излегувањето на Велика Британија од Европската унија, што е проблем кој може да предизвика уставна криза.

Британската премиерка Тереза Меј предлага формирање комисија за трите влади, кои имаат различни степени автономија од Лондон, да добијат формално тело преку коешто би ги изнесувале своите ставови за тоа како би требало да функционира идниот однос на Велика Британија со Европската унија. На чело на новата комисија би бил министерот за „Брекзит“, Дејвид Дејвис, а вклучувало би ги претставниците и на овие три членки на Кралство.

„Земјата е соочена со преговорите од огромна важност и императив е администрациите да ги одиграат своите улоги во тоа“, изјави Меј во писмената изјава што ја објави нејзиниот кабинет пред состанокот.

Во опасност, со одлуката на британските избирачи на референдумот од 23-ти јуни земјата да истапи од ЕУ, е доведена тристогодишната унија меѓу Англија, каде што мнозинството избирачи се одлучија за излегување од Унијата, и Шкотска каде што е изгласано останувањето.

Шкотската премиерка Никола Старџен изјави во понеделникот дека ќе бара да има влијание врз телото коешто ќе ги носи одлуките, како и дека сака секој од четворицата партнери во Обединетото Кралство да гласаа според предложениот преговарачки пакет. Страрџен додаде дека нејзината влада е подготвена за сите варијанти, вклучително и независност од Обединетото Кралство, откако Британија ќе излеза од ЕУ.

Во Северна Ирска, којашто исто така гласаше за останување во ЕУ, постои стравувањето дека Брегзитот би можел да го поткопа мировниот договор од 1998 година и повторно да воведе цврста граница со Република Ирска.

Експертите предупредуваат на избувнување уставна криза во Велика Британија, доколку премиерката Терезам Меј не ја земе предвид позицијата на секој од четирите региони на Обединетото Кралство кога ќе се водата преговорите за излегувањето. Портпаролката на премиерката Меј изјави во понеделникот дека на Обединетото Кралство му е потребна единствена позиција со којашто ќе влезе во преговорите за напуштањето на ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП