20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАFitch го намали кредитниот рејтинг на Велика Британија

Fitch го намали кредитниот рејтинг на Велика Британија

vb1

Кредитниот рејтинг на Велика Британија во петокот претрпе нов удар, кога агенцијата „Fitch“, како втора меѓународна агенција, и го намали кредитниот рејтинг.

„Fitch“ како причина за намалување на рејтингот од ААА на АА+ ја наведе слабата економска и фискална состојба, но ја задржа оценката „стабилно“, со што се отфрлаат заканите за додатни интервенции во рејтингот, барем во близок временски период.

„И покрај губењето на статусот ААА, крајно силниот кредитен профил на Велика Британија се одржува во рејтингот АА+“, велат од „Fitch“ во изјавата.

По новостите, британската фунта падна во однос на доларот.

„Moody’s“ во февруари беше првата агенција која го намали кредитниот рејтинг на Британија а „Standard & Poor’s“ рече дека има барем 33 проценти можност да ги следи постапките на првите две агенции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП