21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАGuardian: Водечките британски банки се подготвуваат за повлекување од Велика Британија

Guardian: Водечките британски банки се подготвуваат за повлекување од Велика Британија

uk-storm3

Водечките британски банки може да се преместат од Велика Британија во почетокот на 2017-та година, со оглед на зголемените стравувања од претстојните преговори за „Brexit“, а помалите банки прават планови за повлекување од земјата уште пред Божиќ, пишува британскиот весник „Guardian“, цитиран од агенциите.

Ова предупредување го упати извршниот директор на Здружението на британските банкари Ентони Браун. Тој додава дека јавната и политичката дебата за „Brexit“ во моментов ја води земјата кон погрешна насока.

Извор близок до британскиот министер за „Brexit“ Дејвид Дејвис рече дека тој и министерот за финансии Филип Хамонд се обиделе минатата недела да дадат повторно гаранции дека ќе направат се за да го заштитат статусот на Лондонскиот Сити при излегување од ЕУ. Но рече од Владата имаат намера да ја преземат контролата врз слободата на движење кон Велика Британија кое се смета меѓу официјалните претставници како удар врз каква и да е шанса за зачувување на овие услови за тргување за банките.

Сега британските банки уживаат т.н. „пасошки права“. Тие им овозможуваат да нудат непречено услуги на компании и физички лица низ целата ЕУ, бидејќи Велика Британија е член на единствениот пазар. Во последно време европските лидери, меѓу кои и францускиот претседател Франсоа Оланд предупреди дека преговорите за „Brexit“ ќе бидат тешки и дека Велика Британија ќе мора да ја плати цената за заминувањето. Тежок „Brexit“ би значел дека Велика Британија ќе мора да ги напушти како единствениот пазар, така и царинските унии. Второто ќе значи и потенцијалното воведување повторно на царински и безцарински ограничувања врз британскиот увоз и извоз.

Сето ова создава клима на несигурност и ете зошто многу од банките веќе имаат тимови кои треба да размислува за кои од банкарските операции ќе мора да ги преселат надвор од земјата, па банките да продолжат да им служат на клиентите, кога ќе биде направено тоа преместување и како ќе биде најдобро тоа да се случи. Се тврди дека „Goldman Sachs“ пример прави планови да пренесе околу 2.000 од вработените од Лондон во конкурентен европски град, ако Британија ги загуби „пасошките права“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП