3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТежок удар за Airbnb, го губи најголемиот пазар

Тежок удар за Airbnb, го губи најголемиот пазар

960x0

Еден од најпопуларните сајови за туристи „Airbnb“ штотуку го доби најтешкиот удар од својот голем пазар – Њујорк.

Гувернерот Ендру Куомо потпиша закон кој пропишува дека издавањето на апартман преку Airbnb и слични сајтови за периоди помали од 30 дена е нелегално.

Новиот закон наметнува и казни од 7,500 долари за кршењето на овој пропис.

Предлог законот, против кој Airbnb силно се бореше, на разгледување беше еден месец, а сега веднаш стапува на сила.

Заговорниците на овој закон велат дека целта е да се спречат луѓето своите домови да ги претворат во хотели и на тој начин да го пореметат пазарот на недвижнини, и да го бришат приходот од градскиот буџет.

„Ова прашање намерно долго го разгледуваме, бидејќи е многу важно. Но после внимателното согледување на фактите, јасно е дека тие активности мораат да се забранат со закон“, изјавија од Градската управа.

Airbnb поднесе тужба која го оспорува новиот закон.

Во својата тужба, компанијата наведува дека со новиот закон се кршат многу права.

„Повеќето Њујорчани самостојно прифатиле да го делат својот дом, и ние ќе продолжиме да се бориме за некое подобро решение и политика која ќе биде во корист на народот, а не обратно“, изјавија од Airbnb.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП