23 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИ по излезот од ЕУ, Британија ќе има безцаринска трговија со блокот

И по излезот од ЕУ, Британија ќе има безцаринска трговија со блокот

1325860621580cb183e9667750096027_w640

Британија и по излезот од ЕУ ќе има безцаринска трговија со европскиот блок бидејќи тоа е во интерес и на двете страни, изјави денес британскиот министер за сообраќај Крис Грејлинг.

На прашањето дали проблемите околу трговскиот договор меѓу ЕУ и Канада предизвикуваат загриженост кај Британија, Грејлин изјави дека односот на Лондон и Брисел е поинаков бидејќи тоа е најважниот извозен пазар за европскиот блок.

„Никој од континентална Европа нема корист од намалувањето на трговијата со Британија“, нагласи Грејлинг, кој беше еден од водечките заговорници за излез на Британија од ЕУ.

Тој напомена дека секогаш изнесувал уверување дека Британија ќе има безцаринска трговија со блокот, бидејќи имаат чувствителни договори, и тоа е во интерес на двете страни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП