4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ ѝ даде ултиматум на Белгија поради CETA

ЕУ ѝ даде ултиматум на Белгија поради CETA

ceta334

Европската унија ѝ даден рок на Белгија до понеделник навечер да одлучи дали ќе го потпише договорот за слободна трговија со Канада, односно Сеопфатниот економски и трговски договор (Comprehensive Economic and Trade Agreement – CETА), кој минатиот петокот го отфрли франкофоната покраина Валонија, а потоа и германската јазична заедница во Германија ја повлече својата согласност.

Валонија е „разочарана“ од новиот предлог на Европската комисија за заштита на вложувањата, која би требало да ја примири оваа белгиска франкофонска област за да овозможи белгиското потпишување на договорот.

„Предаден ни е разочарувачки документ и паралелни ни се дава ултиматум. Тоа зачудува. Ни се наметнува прашањето на со која цел. Тој документ нé чуди, бидејќи содржи и нуди значително помалку од договорите постигнати во петокот и саботата“, истакнал за AFP близок соработник на шефот на валонската влада Пол Мањет.

Мањет го одбива договорот CETA и со тоа ја спречува Европската унија да го прифати и смета дека таквиот ултиматум не е во согласност со демократските процеси, изјави неговиот портпарол.

ЕУ ја повика во неделата Белгија да објави до понеделник навечер дали ќе го потпише договорот, бидејќи доколку таа не го потпише нема да се одржи Самитот за слободна трговија меѓу ЕУ и Канада, предвиден во четврток во Брисел со присуство на канадскиот премиер Џастин Трудо.

Потпишувањето на CETA, кој го нарекуваат и „мал TTIP“ (Трансантлантското трговско и инвестициско партнерство, договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и САД, за кој уште се преговара и кој наидува на голем отпор во Европа), се одложува веќе две години. Овој договор делумно би стапил на сила кога ќе го одобри Европскиот парламент, што е планирано до крајот на годинава. Меѓутоа, проблемите во Белгија во врска со нега може да го нарушат тој план.

Валонците тврдат дека не сакаат ваков договор и бараат за него повторно да се преговара. Истакнуваат дека договорот, во форма во којашто е сега, би ги нарушил социјалните и еколошките норми во ЕУ. Против договорот сите валонски партии, освен либералната, либералната MR, единствена франкофона партија во сојузната влада и од чии редови произлегува белгискиот премиер Шарл Мишел.

Белгија е единствената од 28-те земји членки на ЕУ која не го ратификуваше договорот CETA, кој се однесува повеќе од 500 милиони Европејци, бидејќи го блокира Валонија, франкофонски регион на југот од Белгија со 3,6 милиони жители.

Белгија ја сочинуваат неколку федерални ентитети: трите региони Фландрија, Валонија и регионот на главниот град Брисел, како и три јазични заедници – фламанска, француска и германска. Сојузната влада за потпишување на меѓународни договори треба да ја има согласноста на сите три ентитета.

Сложениот белгиски политички систем е во центарот на вниманието имајќи дека франкофонската Валонија е истрајна во блокадата на договорот CETA, а за кој се преговараше седум години. Парламентот на Валонија пред една седмица одби да ѝ даде согласност на сојузната влада за потпишување на договорот, барајќи дополнителна заштита за своите производи.

Паралелно со одвивањето на самитот на ЕУ во Брисел, Валонците уште еднаш потврдија дека остануваат на блокадата, што го оневозможува потпишувањето на договорот планирано оваа седмица.

Кога Белгија потпишува некој меѓународен договор, секое од седумте избрани тела мора да го ратификуван. Во случајот на CETA регионалните парламенти со месеци беа вклучени во процесот и по второто разгледување пратениците во Валонија го отфрлија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП