27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија го слави Денот на македонската револуционерна борба

Македонија го слави Денот на македонската револуционерна борба

istorija

Македонските граѓани во недела го прославуваат 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

На денешен датум, во 1893 година, во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Христо Ботанџиев го формираа Македонскиот револуционерен комитет од кој подоцна произлезе Внатрешно Македонската Револуцонерна Организација (ВМРО) или Внатрешно Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО).

Организацијата се бореше за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор. Формирањето на ВМРО значеше почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, преку НОВ резултира со создавање модерна самостојна македонска држава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП