3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТренерите ќе бидат најголеми ѕвезди во преодниот рок

Тренерите ќе бидат најголеми ѕвезди во преодниот рок

josemourinhoandcarloancelotti_576x324

Во текот на претстојниот преоден рок најголеми ѕвезди нема да бидат Вејн Руни, Златан Ибрахимовиќ или Кристијано Роналдо, туку богатите сопственици ќе атакуваат на тренерите. Без разлика на успесите оваа сезона, поголемиот дел од клубовите во Европа како примарна цел имаат доведување на нови стратези, а први што го сторија тоа беа челниците на Баерн Минхен, кои многу успешниот Јуп Хејнкес ќе го заменат со Пеп Гвардиола.

RAFA-BENITEZ_2146534b

Меѓутоа и останатите клубови, пред се ПСЖ, Реал, Челзи и Интер од први јули тргнуваат во лов за најголемите тренерски „фаци“ во светот. Богатите сопственици им наредија на своите Управни одбори пред да ги доведат екстремно скапите засилувања, прво да го решат проблемот со тренерот на екипата.

Па така во текот на преодниот рок ќе имаме вистинска потера по стратезите. Имено дел од клубовите на своите клупи би сакале да видат експерти со кои оствариле најголем успех во овој век, па многумина можеби ќе се вратат во своите поранешни тимови.

Roberto Mancini and Arséne Wenger

Секако најголем интерес владее за Жозе Мурињо, двократниот освојувач на Лигата на шампионите и тренер кои има шанса да стане единствен стратег кој заедно со Боб Пејсли три пати станал шампион на Европа, но единствен кој тоа го сторил со три различни тима.

Клубови во потрага по тренер:

Челзи:

1. Жозе Мурињо 70%

2. Мануел Пелегрини 15%

3. Дејвид Мојс 15%

Реал Мадрид:

1. Андре Вилаш-Боаш 33%

2. Јуп Хејнкес 30%

3. Мануел Пелегрини 16%

4. Брајан Лаундруп 11%

5. Останати 10%

Ливерпул:

1. Рафа Бенитез 55%

2. Брендан Роџерс 37%

3. Дејвид Мојс 8%

Интер:

1. Роберто Манчини 29%

2. Зендек Земан 22%

3. Жозе Мурињо 17%

4. Синиша Михајловиќ 7%

Валенсија:

1. Мирослав Ѓукиќ 75%

2. Мануел Пелегрини 25%

Барселона:

1. Тито Виланова 65%

2. Јуп Хејнкес 35%

ПСЖ:

1. Жозе Мурињо 45%

2. Арсен Венгер 20%

3. Винсенте Дел Боске 15%

4. Останати 20%

Манчестер Сити:

1. Андер Вила-Боаш 34%

2. Карло Анчелоти 26%

3. Роберто Мартинез 18%

4. Сем Алардајс 13%

5. Роберто Манчини 9%

Арсенал:

1. Арсен Венгер 66%

2. Андре Вилаш-Боаш 23%

3. Дејвид Мојс 11%

Тотенхем:

1. Андре Вилаш-Боаш 33%

2. Карло Анчелоти 26%

3. Роберто ди Матео 15%

4. Тони Пулис 14%

5. Дејвид Мојс 12%

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП