26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОсвежете го лицето овој викенд, направете ја оваа ревитализирачка маска

Освежете го лицето овој викенд, направете ја оваа ревитализирачка маска

banana-avocado-mask

Оваа маска е прилично евтина, одлично ја затегнува кожата, а многу лесно се подготвува – сите состојки веројатно во моментов ги имате во вашиот дом….

За оваа маска ви е потребно:

– половина банана

– една до две лажици јогурт

– една лажица мед

Испасирајте ја бананата и додадете го јогуртот и медот. Мешајте ја добиената смеса. Нанесете ја маската на чисто лице и оставете ја да делува 15-20 минути за таа целосно да се исуши. Потоа измијте го лицето прво со топла, а потоа со ладна вода. Оваа маска им одговара на сите типови на кожа и можете да ја применувате секојдневно.

Напомена: Секогаш подготвувајте свежа маска, не користете залихи.

По 7 дена ќе забележите дека вашата кожа е помека и позатегната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП