18 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако сами си го загрозувате работното место?

Како сами си го загрозувате работното место?

1409220550020_wps_3_businessman_sitting_at_de

Ако некогаш сте се запрашале зошто не можете да напредувате на работа и никако да се помрднете од мртвата точка, време е да ја прочитате оваа статија и да откриете како сами си ја уништувате деловната репутација.

Шефот и остнатите колеги никогаш нема да ве сфатат сериозно ако за се барате изговор. Ако некоја работа не сте ја завршиле и се извлекувате со изговорите како… „не го направив тоа бидејќи никој не ми кажа, ги немав сите податоци“ и слични работи, сами си ја уништувате можноста за напредување.

Подобро потрудете се секоја работа да ја обавите на време и најдобро што можете. Ако не можете сами, снајдете се и побарајте помош од некој колега. Никој нема да ве сфати сериозно ако зададените задачи не ги завршувате на време. Многу е важно секоја задача да ја обавите во зададениот рок. Вашиот шеф ќе биде горд иако тоа можеби никогаш нема да ви го каже, но на вас ќе гледа поинаку, отколку кога не би ја обавувале работата на време.

Кога знаете дека имате некој важен деловен состанок секогаш подгответе се и никогаш немојте да одите неподготвени. Секогаш водете сметка за тоа дека можеби ќе ви биде поставено некое прашање на кое ќе морате да дадете конкретен одговор и решение. Ако сакате да напредувате на работа не можете да размислувате за работното време. На вас ви останува да работите се додека не ја завршите работата која ја имате. Иако можеби ќе работите од утрото до ноќта и нема да имате доволно време за приватниот живот, на крајот тој труд ќе ви се исплати.

На сите службени пораки и мејлови морате да одговарате и тоа во краток временски период. Никогаш немојте на себе да си дозволите да не одговорите на некој мејл, без оглед колку вие го сметате за важен или не. Ако постојано правите грешки, а сепак сметате дека тие не се големи туку мали, морате да знаете дека тие грешки со тек на време се собираат и некој сигурно ќе ги забележи, а тие негативно делуваат на вашата деловна репутација. Па така трудете се да ја избегнете секоја грешка која би можела да се случи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП