7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАBoJ: Не намалуваме засега, но можеби наскоро

BoJ: Не намалуваме засега, но можеби наскоро

20326076415809f21f89b8a524903108_w640

Гувернерот на Банката на Јапонија (BoJ), Харухико Курода, изјави дека моментално не гледа потреба Централната банка да го намали купувањето на актива.

Курода додаде дека фокусот од ширењето на монетарната база, BoJ го пренасочува на целните каматни стапки, пренесува агенцијата Блумберг.

Одговарајќи на прашањата во парламентот, Курода призна дека во иднина можеби нема да биде потребно Централната банка и понатаму да купува јапонски државни обврзници во сегашниот обем од 80.000 милијарди јени (770 милијарди долари) годишно.

Инвеститорите настојуваат да дојдат до индиција за тоа како BoJ ќе ја спроведува својата нова програма за олеснување, која е воведена минатиот месец.

Покрај одржувањето на купувањето на обврзници од јапонската влада, на мета на централната банка е и краткорочната камата на одредени резерви на банката, која во моментов е на минус 0,1 проценти, а целта и е сведување на приносот на 10-годишните државни обврзници на околу нула проценти.

Инвеститорите исто така ги интересира колкави флуктуации во приносите на 10-годишните обврзници BoJ ќе толерира. Курода изјави дека поставувањето на одреден распон не е неопходно или соодветно.

Наредното заседавање на централната банка на Јапонија ќе биде одржано од 30-ти октомври до 1-ви ноември, наведува Блумберг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП