сабота, 28 јануари 2023
ПочетнаКОМПАНИИThe Independent бележи профит откако премина исклучиво на веб издание

The Independent бележи профит откако премина исклучиво на веб издание

indipendent-600x400

Британскиот весник „Independent“ соопшти дека забележал профит, за прв пат за повеќе од 20 години, откако престана да го објавува печатеното издание и премина исклучиво на онлајн верзијата.

Весникот наклонет на левата опција го објави последното печатено издание во март, во ситуација додека британскиот печат го потресе падот на приходите од рекламите, пренесува АФП.

Весникот, кој го покренаа три поранешни новинари во 1986 година, по одлуката за премин исклучиво на веб издание започна да бележи и раст на бројот на читатели, така тој во август имал 74,3 милиони корисници, што е за 18 проценти повеќе отколку во март оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП