8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСкромен промет на крајот на трговската недела на МБ

Скромен промет на крајот на трговската недела на МБ

makedon

Крајот на седмицата на Македонската берза заврши со раст на индексот МБИ 10 од 0,12 отсто и 2.033,90 индексни поени.

Вкупниот промет во петокот изнесуваше 9.079.612,60 милиони денари остварен преку вкупен број од 67 трансакции.

Кај акциите најмногу се тргуваше со акциите на Скопски Пазар АД Скопје, при што беше остварен промет од 2,035 милиони денари, при истргувана количина од 177 акции по просечна цена од 11.498 денари.

Од листата на добитници се Макошпед АД со раст од 19,66 отсто, при истргувани 140 акции по просечна цена од 140 денари, веднаш по неа се најде акцијата на Солун Гевгелија со раст од 14,07 проценти.

Кај губитниците пад од 75 отсто од вредноста изгубија акциите на ИЦН-Фарм.

За обврзниците денеска постоеше заинтересираност кај инвеститорите за обврзницата од петнаесеттата емисија, па така се оствари промет од 1,519 милиони денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП