17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ подготвува план за инвестиции во земјите од Африка до крајот на...

ЕУ подготвува план за инвестиции во земјите од Африка до крајот на годината

Belgium Nobel Peace

До крајот на годината, Советот на Европската унија (ЕУ) треба да се договори за планот за надворешни инвестиции, со кој ќе им се помогне на земјите од Африка и други региони, од кои има најголем прилив на илегални имигранти кон Европа.

За тоа се договориле лидерите на ЕУ на првиот ден од нивниот самит во Брисел, станува јасно од соопштението на Советот, кое беше споделено утринава до медиумите.

Договорот мора да биде одобрен од Европскиот парламент (ЕП) во првата половина од годината, па побрзо да влезе во сила.

За таа цел ќе продолжи работата за создавање на огранок и рамка со земјите на потекло на илегалните имигранти, а фокусот ќе биде на земјите од Африка. Предвидено е да се даде поддршка на раселените лица во регионот, па да се спречува нелегалната миграција.

На следниот самит, што ќе се одржи во декември, Федерика Могерини ќе треба да поднесе извештај за првите резултати од соработката со веќе избраните пет африкански држави и да се намали бројот мигрантите кои пристигнуваат и враќањето на истите.

До крајот на 2016-та година, лидерите на ЕУ ќе треба да се договорат и за преиспитување на Кодексот за Шенген, со кој ќе се воведат проверки на сите луѓе кои ги преминуваат надворешните граници на ЕУ. Во истиот период, Европската комисија (ЕК) ќе треба да предложи и создавање на специјален информациски систем за патувањата, врз основа на која ќе се прават и претходни проверки на патниците, ослободени од виза. При сомнежи на нив ќе може да им се одбива влез во Унијата, се наведува во документот.

Исто до крајот на годината се очекува новата европска гранична агенција да достигне полн капацитет. Предвидуваат и мерки за зајакнување на контролата на маршрутите за нелегална имиграција во Медитеранот, вклучувајќи и западниот Медитеран, што не е толку популарна како рута.

Што се однесува до миграцијата кон грчките острови во Турција, Советот на ЕУ повика на забрзување за враќање на илегалните имигранти назад во Турција. За таа цел ќе се забрза и назначување на постојани координатори на т.н. „жешки точки“ во Грција.

Советот инсистира и за визната либерализација во Турција, што беше договорено со договорот од март за ограничување на миграцијата. Олеснувањето на визниот режим за турските граѓани е еден од клучните услови за извршување на договорот. Укинувањето на визите требаше да се реализра првично во октомври, но беше одложено за крајот на годината.

Советот на ЕУ повторно ги повикува земјите да го забрзаат преселувањето на имигранти, како и да се продолжи работата на општата рамка на Унијата за азил. Последниот збор ќе се дискутира на самитот во декември.

Ситуацијата во Сирија исто е влезена во програмата на лидерите на ЕУ во првиот ден од состанокот. Советот ги осудува нападите на сирискиот режим и руските сојузници против цивилите во Алепо и повикува на итен прекин на воените дејствија. За санкциите сепак барем засега не се дискутира, станува јасно и од коминикето, и од изјавата на претседателот на Советот на ЕУ, Доналд Туск на прес-конференцијата по завршувањето на седницата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП