17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлаг пад на цените на акциите на Волстрит

Благ пад на цените на акциите на Волстрит

berza77

Цените на акциите на Волстрит во четврток благо паднаа, по два дена раст, додека инвеститорите ги анализираат кварталните деловни извештаи на компаниите.

Dow Jones ослабе 0,22 отсто на 18.162 бодови, додека S&P 500 се лизна 0,14 отсто на 2.141 поени, а Nasdaq индексот незначително на 5.241 бодови.

Најмногу паднаа цените на акциите во телекомуникацискиот сектор, бидејќи инвеститорите се разочарани од деловните резултати на Verizon за третото тромесечје.

На европските берзи цените на акциите пораснаа. Лондонски FTSE индексот зајакна благо на 7.026 бодови, додека франкфуртски DAX порасна 0,52 отсто на 10.701 поен, додека париски CAC 0,44 отсто на 4.540 бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП