Највисок промет на Македонската берза за хартии од вредност во четвртокот оствари акцијата на Скопски Пазар, преку блок трансакција беа истргувани 570 лотови.
Цената на една акција во блок трансакцијата изнесуваше 15.374,00 денари, со раст на цената на хартијата од солидни од 33,71 отсто.
По неа, на второто место по реализиран промет беше акцијата на Прилепска Пиварница Прилеп со која на регуларниот пазар се истргуваа вкупно 33 акции, по просечна цена од 32.400 денари и реализиран промет од над милион денари.
Акцијата на Комерцијална Банка го продолжи неколкудневениот пораст на цената, со раст во вредноста од нови 0,50 отсто преку 162 истргувани акции.
Беа реализирани вкупно 69 трансакции при промет од 15,4 милиони денари.
Индексот МБИ10 ја зголеми својата вредност за 0,65 отсто,или 2.031,50, додека ОМБ не ја промени својата вредност.