18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбјавен тендерот за изградба на нов Клинички центар во Скопје најавен во...

Објавен тендерот за изградба на нов Клинички центар во Скопје најавен во 2013-та

%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b4%d0%b5%d1%80-%d0%bb%d1%87%d0%b8%d0%bd%d0%b8%d1%87%d0%ba%d0%b8

Банката на Советот на Европа во официјалниот гласник на Европската унија во четврток го објави тендерот за изградба на новиот Универзитетски Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје, информира на својот фејсбук профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, а истото го најави и министерот за здравство Никола Тодоров, исто како и во 2013 година, но од тогаш досега, само на тоа и остана, само најава.

„Ова е еден од капиталните проекти во македонскиот здравствен систем, со кој ќе се поставува нов стандард за квалитетот на здравствените услуги во Македонија. Инвестицијата само за изградба чини околу 70 милиони евра, а целокупната инвестиција за модернизирање на кампусот е во вкупна вредност од 128 милиони евра“, пишува Груевски.

Појаснува дека по спроведување на законските процедури, ќе почнат градежните работи, кои е предвидено да завршат во неколкугодишен циклус.

Тодоров појасни дека понудите ќе бидат отворени на 5-ти ноември, а изградбата ќе почне до година, по што за 45 месеци, Македонија ќе го добие нјмоодерниот Клинички центар.

„Проектот предвидува изградба на нов клинички блок, нова зграда на лаборатории во којшто ќе влезат нови простории на 23 клиники односно очна клиника, клиника за уво нос и грло, клиника за радиологија, ургентен центар, за дерматологија, неврологија, пулмологија, гастро, ендокринологија, ревматологија, завод за слух, говор и глас, клиника за анестезија и интензивно лекување, невро хирургија, трауматологија, психијатрија, токсикологија, ортопедија, неврологија, хематологија, нефрологија, трасфузиологија, микробиологија и нуклеарна медицина. Ќе следи и адаптација и реконструкција на зградата на хируршките клиники во кои и сега се сместени урологија, дигестивна клиника, пластика и торакална клиника“, појаснува Груевски на фејсбук .

Клиниката за гинекологија и акушерство останува во посебен објект кој неодамна беше завршен, затоа што објектот на клиниката ги задоволува современите стандарди за тој вид на дејност. Оваа клиника ќе се поврзува со зградата на новиот клинички центар со топла врска што подразбира постојан начин на комуникација и транспортирање на пациентите за кои би имало потреба.

Клиниката за онкологија и радиотерапија останува во стариот објект за кој се предвидува парцијално реновирање и изградба на нов бункер за поставување на линеарен акцелератор како и поврзување со топла врска со новиот клинички блок. Клиниката за детски болести останува во постојниот објект кој е реновиран и адаптиран.

„Исто така заради специфичноста на болестите кои ги третира инфективната клиника останува во постојниот објект каде што е сместена, како и клиника за кардиологија која останува во истиот објект, но целосно ќе се реконструира. За таа цел само што заврши тендерот за изработка на проект за реконструкција на клиниката. Додека клиниката за кардио хирургија е во објект кој е пуштен во употреба во 2015-та и целосно ги задоволува светските стандарди за таков тип на дејност“, вели Груевски.

Новиот Клинички Блок е проектиран со вкупно 855 кревети, од кои 720 кревети за болничка нега, 101 кревет за дијагностички функции, интензивна нега и рехабилитација и 34 кревети во дневни болници. Изградбата на новиот Клинички центар ќе овозможи бенефит за сите граѓани, имајќи во предвид дека на годишно ниво во клиниките минуваат повеќе од 800.000 посетители, односно околу 2.200 посетители дневно. Клиничкиот ценаар ќе има и платформа за слетување на хеликоптери, со што ќе се овозможи да се транспортираат пациентите брзо и ефикансо и нема да се шетаат со колички по патеките низ ценатрот, како тоа се прави сега.

Изградбата на новиот Клинички центар „Мајка Тереза“, доколку проектот се заврши со предвидената динамика и се обезбедат потребните дозволи, ќе почне да се гради на почетокот на идната година, а ќе трае во наредните три години, најави министерот за здравство Никола Тодоров во 2013 година. Тогаш се пофали дека конечното идејно решение е готово, сега треба да се изработи основниот проект, кој требаше да биде завршен за околу шест месеци, а вкупната сума за изготвување на целиот проект изнесуваше 1,3 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП