3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ ja задржа каматата и програмата за квантитативно олеснување без промени

ЕЦБ ja задржа каматата и програмата за квантитативно олеснување без промени

ecb773

Европската централна банка (ЕЦБ) ги остави без промена основните каматни стапки и програмата за квантитативно олеснување, со што одговори на очекувањата на инвеститорите, пренесе „CNBC“.

Управниот одбор на „ЕЦБ“, кој се собра денеска во Франкфурт, ја задржи референтната каматна стапка за рефинансирање на нула. Каматната стапка, со кој се оданочуваат доверителите кои ги држат резервите во „ЕЦБ“, останува на негативно ниво од -0,4%. И двете каматни стапки се рекордно ниски.

Уште пред денешната порака основниот дел од аналитичарите гледаа поголема веројатност за промена на политиката на последната средба на централната банка за годината на 8-ми декември.

Пазарот на обврзници на големите пазари, особено во Велика Британија, САД и Германија, кои го големија интензитетот во последниве недели, го намалија притисокот врз ЕЦБ и нејзиниот претседател Марио Драги веднаш да воведат дополнителни мерки.

„ЕЦБ“ ги претстави последните проекции во почетокот на септември, кога малку се подигнаа очекувањата за економскиот раст на еврозоната во 2016-та година, но ги намали овие за 2017-та и 2018-та година. Централната банка прогнозира дека економијата на еврозоната ќе се прошири за 1,7% во оваа година и со 1,6% во следните две години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП