28 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАИзлезете на крај со пасивниот шеф

Излезете на крај со пасивниот шеф

Boss

Пасивноста и шефот, обично се зборови кои не одат заедно. На крајот на краиштата, со шефовите се поврзуваат зборови кои се авторитет и самодоверба. Но, тоа не е секогаш случај.

Било која форма на пасивност на водството е лоша вест за компанијата. Еве неколку последици:

Никој не превзема одговорност. Без јасен авторитет, ги поминувате деновите на работа, погодувајќи кој за што е надреден.

Присилени сте да го „менаџирате“ менаџерот. Однесувањето на вашиот шеф е такво, што ви дозволува на вас да одберете кој е најдобриот пристап.

Очекувањата се непознат поим. Природно е да сакате повратна информација за својата работа. „Секоја личност која има шеф треба да има јасни очекувања и јасна повратна информација за тоа, дали ги исполнува дадените задачи“, тврди Брус Тулган, автор на книгата „It’s OK to Be the Boss“.

Важните проекти патат. Вие и колегите напорно работите на некоја важна задача. Но, покрај тоа што со таа работа интезивно се занимавате две недели, шефот ве остава во недоумица и не го кажува своето мислење или очекување.

„За проект мора да имате план, цел и време“, нагласува Тулган.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП