8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранцуските полицајци трет ден на штрајк

Француските полицајци трет ден на штрајк

fr-policajci-33

Француските полицајци три ноќи со ред протестираат, а преку глава им е од нападите врз нив, од немањето опрема, од малата плата и празните ветувања.

Стотици полицајци зедоа учество во ненајавени протести низ цела Франција последните три ноќи. Протестите беа поттикнати од бомбата што беше фрлена кон четворица полицајци во париско предградие, порано овој месец.

Всушност, полициските синдикати велат дека околу 500 полицајци се повредени на должност секој месец. Дополнително на тоа треба да се знае дека полицајците работат во вонредна состојба во која се наоѓа целата земја повеќе од една година, па и не е некое изненадување да им е преку глава од се.
Владата вети дека ќе разговара со полицајците во Франција, а ова се барањата и поплаките што ќе ги слушнат.

„Имаме повеќе колеги, но работиме со исти ресурси. Се е многу комплицирано во полицијата. Станува се полошо од година во година“, вели анонимен полицаец за BFM TV.

„Едноставно немаме доволно луѓе, и не сме правилно екипирани, може да се случи само двајца полицајци да одговорат на задача каде се инволвирани десет луѓе, кои не сакаат да не видат“, вели тој.

Некои полицајци мора да си платат за опремата, додава друг анонимен полицаец за France Info.

„Чини 70 евра елек кој ни ги држи радио-станицата, ракавиците и друго, место да ги чуваме во џебовите од панталоните“, додава тој.

„Уште поскап е ако е отпорен на куршуми. И мораме да платиме за нив. Дури и ракавиците.“

Друг анонимен полицаец вели дека условите генерално се невозможни.

„Ни плаќаат колку за кикиритки, а имаме ненормални работни часови, и сето тоа со можност да бидете нападнати или запалени од убијци на полицајци кои не се плашат повеќе од државата“, вели тој.

„Преку глава ни е од охрабрувањата на министерот кој вели да останеме смирени, додека сѐ уште е топла крвта на нашите колеги пролеана на улиците“, додава тој.

Многу полицајци побараа оставка од министерот за внатрешни работи Бернард Казанев.

„Станавме како секретарки“, вели Јан Писард, полицаец од централна Франција, кој се жали на премногу бирократска работа.

„Отворени сме за јавноста 24/7, а мораме да поднесеме извештај за се, да забележиме се што сме сработиле. Полицајци сме, носе повеќе стануваме секретарки.“

Еден полицаец вели дека неговата сопруга се плаши за неговиот живот секој ден кога тој заминува на работа.

„Преку глава ни е од тоа секој ден со страв“, додава друг. „Сакаме само доволно опрема, ресурси за безбедна работа“.

„Сакам моите колеги да работат безбедно, и да си појдат дома секој ден исполнети со чувство дека завршиле добра работа.“

Се надеваат на наоѓање решение, движењето продолжува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП