15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзграден нов современ мост кај селото Соколарци

Изграден нов современ мост кај селото Соколарци

most

Нов, модерен мост според современи стандарди е изграден кај селото Соколарци.

„Овој мост е од извонредно значење за жителите на општината Чешиново-Облешево. Решен е децениски проблем на жителите од ова место, бидејќи претходниот мост немаше доволен капацитет да ги пропушти водите од интензивните врнежи, што предизвикуваше излевање на водата од коритото. Сообраќајот често беше во застој, а имаше и критични ситуации кога мораше да се извлекуваат возила заглавени во надојдената вода“, вели градоначалникот на општината Костадин Личков.

Изградбата на мостот кај селото Соколарци почна во мај годинава и за него, од страна на Европската унија, издвоени беа околу 150 илјади евра.

„Новиот мост е изграден согласно повисоки стандарди, како по однос на квалитетот на градба, така и по однос на пропусната способност“, изјави Димитрија Сековски, Раководител на Програмата на Европската унија за санација на штетите од поплавите.

Покрај изградбата на овој тринаесет метарски мост, градежните работи вклучуваа и проширување и асфалтирање на патот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП