7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСаудиска Арабија ги издаде првите меѓународни обврзници

Саудиска Арабија ги издаде првите меѓународни обврзници

%d1%81%d0%b0%d1%83%d0%b4%d0%b8%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%b0%d1%80%d0%b0%d0%b1%d0%b8%d1%98%d0%b0

Саудиска Арабија првпат на меѓународните пазари издаде обврзници во вкупен износ од 17,5 милијарди долари, привлекувајќи ја побарувачката чијашто вкупна вредност била четири пати поголема од бараниот износ, објавија во четвртокот претпладнето официјалните медиуми.

„Вкупниот износ од првата емисија беше 17,5 милијарди долари. Вкупниот износ на претплатите на обврзниците беше 67 милијарди долари (251,3 милијарди саудиски ријали)“, објави саудиската новинска агенција SPA.

Упатени извори за AFP во средата потврдиле дека „условите се објавени“, напомнувајќи дека Саудиска Арабија го поделила вкупниот износ на три транши со рок на доспевање од пет, 10 и 30 години, скроени специјално за американскиот пазар. Интерес покажале и многу купувачи надвор од САД, додал изворот.

Саудиската емисија ги надминала очекувањата на многу аналитичари, но и износите на сите обврзници кои досега ги издадоа економиите во формирања, напомнува Bloomberg News.

Саудиска Арабија е најголемиот извозник на нафта во светот, а за оваа година прогнозираа буџетски дефицит од 87 милијарди долари, поради падот на приходите од нафтата. За да го покријат одлучија да го прилагодат економскиот модел со намалувањето на државата помош без преседан во саудиската историја и стопирање на некои владини проекти. Во септември, меѓу другите мерки, ги намалија и платите на министрите.

Ријад веќе имаше издаден обврзници на домашниот пазар, но тоа резултираше со намалената ликвидност на банките, толкува водечкиот аналитичар за Блискиот исток на лондонски Oxford Economics, Патрик Денис. „Тоа е главната причина за актуелното задолжување на меѓународниот пазар“, толкува Денис, а го намалува и притисокот врз девизните резерви.

Според официјалните податоци саудиските девизни резерви во август изнесувале 562 милијарди долари, во однос на 732 милијарди долари колку што изнесувале кон крајот на 2014 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП