7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБугарите ја уценуваат Канада за CETA - кој ќе попушти?

Бугарите ја уценуваат Канада за CETA – кој ќе попушти?

89147483658088f55393fa658546486_w640

Бугарската влада предупреди дека нема да го потпише договорот на Европската унија и Канада за слободна трговија (CETA), ако Канада не ги укине визите за бугарските државјани.

Владата „нема да го потпише договорот CETA без гаранција од канадските власти дека ќе ги укинат визите за сите бугарски државјани“, се наведува во соопштението.

Бугарија и Романија веќе неколку години бараат укинување на канаската виза за своите државјани.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов минатата недела изјави дека со својот канадски колега Џастин Труд постигнал начален договор за целосно укинување на визите до крајот на 2017 година.

Владата денес повтори дека сака „конечна и официјална потврда“ и тоа како услов за потпишување на договорот CETA.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП