7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПловечките соларни панели ќе претставуваат блескава иднина за зелена енергија

Пловечките соларни панели ќе претставуваат блескава иднина за зелена енергија

plovecki-paneli33

Сонцето може да се претвори во најголемиот производител на енергија до 2050-та година, сметаат експертите од Меѓународната агенција за енергетика (IEA), пишува „CNBC“.

Во Велика Британија апетитот кон електричната енергија, генерирана од сонцето, расте се повеќе. „Велика Британија се наоѓа во средината на нешто што би можело да се нарече енергетска револуција“, изјави за медиумите членот на опозициската Лабуристичка партија Алан Вајтхед.

„Соларната електрична енергија се претвора во клучна за британската енергетика. Нејзиниот развој e многу подинамичен од она што се очекуваше, и сега таа има големо влијание врз енергетските системи“, додава пратеникот.

Во земјата е сместена најголемата пловечка соларна централа во Европа. Таа се наоѓа во Јужна Англија и е инсталирана од „Lightsource Renewable Energy“. Објектот е предвидено да генерира 5,8 милиони киловат-часови во својата прва година на експлоатација.

Коментирајќи ги придобивките на соларната енергија, Ник Бојл, основачот и извршен директор на „Lightsource Renewable Energy“, изразува мислење дека овој бизнис за прв пат е во толку добра позиција.

Бојл објаснува дека предвидливата природа на соларната енергија значи исто така и предвидливи струи на приход, што ја прави атрактивна област за инвестиции.

Според „Lightsource Renewable Energy“ пловечките соларни панели имаат многу предности.

„Еден од најголемите нивните аргументи е дека има многу водни пространства, дури и во големите градови како Лондон, каде предметните панели би можеле да бидат распоредени“, смета Лив Хардер од истата компанија.

„Во последните години почна да станува профитабилно да се прават проекти со слични панели. Во последните 5 години цената на обичните панели поевтини за цели 9 пати, а таа на пловечките исто оди надолу“, додава тој.

Во САД генерирање на соларна енергија, исто така се развива добро. На почетокот на оваа година беше објавено дека во 2015-та година производителите на соларна енергија додале на капацитетот 7.286 мегавати, според информации на „GTM Research“ и „Solar Energy Industries Association“.

Предметните податоци покажуваат зголемување на капацитетот на соларните постројки во износ од повеќе од 1.000 мегавати во споредба со 2014-та година.

Податоците покажуваат и дека за првпат новоизградените системи за производство на енергија од сонцето во 2015-та година се повеќе од оние за енергија произведена од гас. Речиси 30% од новите капацитети се на соларна енергија.

Во Велика Британија Ален Вајтхед исто е уверен во изгледите пред соларната енергија.

„Нејзината иднина е неверојатно гламурозна. Ова е една технологија со стратешко значење“, заклучува Вајтхед.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП