7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата и резултатите на компаниите го поттикнаа Волстрит

Цените на нафтата и резултатите на компаниите го поттикнаа Волстрит

wall-street1

На Волстрит во средата цените на акциите пораснаа втор ден по ред бидејќи растот на цените на нафтата го поттикна енергетскиот сектор, додека добрите резултати на Morgan Stanley го поддржаа финансискиот сектор.

Индексот Dow Jones зајакна за 0,22 отсто, на 18.202 поени, додека S&P 500 индексот порасна за 0,22 проценти, на 2.144 поени, а индексот Nasdaq скокна за 0,05 отсто, на 5.246 индексни поени.

Најмногу во средата пораснаа цените на акциите во енергетскиот сектор, за 1,4 отсто, благодарејќи на растот на цените на нафтата откако беше објавено дека минатата седмица резервите од нафта во САД остро паднале. По тие податоци за јакнење на побарувачката, цената на барелот на американскиот пазар скокна за 2,6 отсто, а лондонскиот за 1,9 проценти.

Значително во средата скокнаа и цените на акциите во финансискиот сектор, откако „Morgan Stanley“ извести за подобри отколку што се очекуваше деловни резултати во изминатото тримесечје. Акцијата на банката поскапела за 1,9 отсто.

Од друга страна, пак, остро падна, речиси за 6 отсто, цената на акцијата на „Intel“, бидејќи најголемиот светски производител на чипови разочара со своите квартални резултати.

Откако 70 компании од составот на S&P 500 индексот го објавија извештајот, аналитичарите во анкетата на Reuters проценуваат дека во изминатото тримесечје заработките на компаниите пораснале за 0,5 отсто во однос на истиот лански период, додека на почетокот од сезоната деловните извештаи очекувале пад на добивката за 0,7 отсто.

Вложувачите се надеваат дека финансиските извештаи на компаниите ќе покажат дека заработките пораснале првпат по четирите квартали пад, што би значело крај на рецесијата на заработките, којашто трае од третиот квартал во 2015 година.

Доколку и повеќето други американски компании ги надминат очекувањата на аналитичарите, третиот годинешен квартал ќе биде, исто така, прв од крајот на 2014 година во кој пораснале и заработките и приходите на компаниите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП