14 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКонференција по повод 1100 години од упокојувањето на свети Климент Охридски

Конференција по повод 1100 години од упокојувањето на свети Климент Охридски

%d1%81%d0%b2-%d0%ba%d0%bb%d0%b8%d0%bc%d0%b5%d0%bd%d1%82

По повод одбележувањето на 1100 години од упокојувањетона свети Климент Охридски – ученик на светите браќа Кирил и Методиј, во четврток и петок во Охрид ќе се одржи меѓународната конференција „Свети Климент Охридски ­ Милоста и милосрдието во Библијата и во Црквата“.

Конференцијата ја организираат Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ ­ Скопје под покровителство на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје, а е дел од државната програма за одбележување на 1100­годишнината од упокојувањето на свети Климент Охридски.

На конференцијата ќе учествуваат научници и теолози од Богословските факултети при Универзитетите од Букурешт, Рим, Загреб, Белград, Санкт Петербург, Софија, Солун и Скопје.

На отворањето на конференцијата предвидено е да се обратат претседателот Ѓорге Иванов, ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, Никола Јанкуловски и архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

Претседателот Ѓорге Иванов, во четврток со почеток во 17 часот во Конгресниот центар во Охрид, ќе се обрати на свеченото отворање на Меѓународната конференција по повод 1100 годишнината од упокојувањето на Свети Климент Охридски.

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, е покровител на чествувањето на 1100 годишнината од упокојувањето на Св. Климент Охридски, како значаен јубилеј за Република Македонија, што се одбележува со многубројни активности и културни настани посветени на животот и делото на овој голем македонски просветител.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП