27 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЗа подобар ден на работа: Помалку озборувајте, повеќе смејте се!

За подобар ден на работа: Помалку озборувајте, повеќе смејте се!

goodday1

Единствен начин да го работите она што го сакате е да ја засакате својата работа, велеше Стив Џобс.

Ако сте незадоволни со работата, а поради кризата не можете да ја промените, променете го ставот кон неа.

Опкружете се со работите кои ги сакате

На работното место опкружете се со работите кои ги сакате. На работната маса ставете ги сликите од пријателите и семејството, а исфрлете се што не користите или вас не ви е убаво. Секој ден „украдете“ минута или две само за вас. Затворете ги очите и уживајте некое време.

Совети за подобро расположение на работа

*Не трошете енергија на озборување ако не сакате и вас да ве озборуваат

*Дојдете дест минути порано за да се подготвите за претстојниот ден

*Шегувајте се на своја сметка, така ќе изгледате помоќно и попривлечно

*Нека не ви биде работата се на светот за да не го загрозите приватниот живот

*Запаметете дека ништо не е вечно, колку и да е лоша ситуацијата, ќе помине

*Зачистете го работното место од непотребни хартии од време на време

*Запишете се што сакате да постигнете, и кога ви е неподносливо – прочитајте

*Задолжително направете пауза и ако е можно, излезете на свеж воздух

Запомнете дека вие сте „кројачот“ на својата среќа

Вистина е дека на некои работни места нема да се чувствувате добро, но таа одговорност е и ваша. Самите на себе сте должни да го извлечете најдоброто од онаа работа или задача која моментално ја работите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП