2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија и Словенија ќе ја интензивираат туристичката соработка

Македонија и Словенија ќе ја интензивираат туристичката соработка

mak-slo

Воспоставување на поинтензивна соработка меѓу Македонија и Словенија во сферата на туризмот била една од темите за кои разговарале во среда министерот за економија Дритон Кучи и неговиот словенечки колега Здравко Почивалшек.

Двајцата соговорници предложиле да биде разгледана можноста за склучување на Договор за соработка во областа на туризмот меѓу двете земји, со кој би се овозможило зајакнување на постојаните контакти и воспоставување нови, како и проширување на соработката од страна на туроператорите, преку аранжмани со туристичка понуда од двете земји, промовирање на туристичките понуди и слично, како и потребата од воспоставување на чартер линии помеѓу туристичките дестинации од двете земји, во текот на главната туристичка сезона.

Двајцата министри разговараа и за трговската размена меѓу двете земји и можностите за нејзино интензивирање.

Кучи и Почивалшек разменија мислења околу можностите за одржување на заедничка владина седницa, за што Македонија веќе има искуство со Република Србија, додека Република Словенија со Италија и Унгарија.

Како активности кои би придонесле за продлабочување на соработката меѓу двете земји беа споменати и можностите за одржување на седница на Мешовитиот комитет за економска соработка, одржување на трилатерална средба помеѓу Македонија, Словенија и Турција, како и одржување на Единасеттата седница на Мешовитата комисија по Спогодбата за стопанска соработка меѓу Република Македонија и Република Словенија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП