7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританскиот пазар на труд губи инерција

Британскиот пазар на труд губи инерција

pazar-vb-00

Британскиот пазар на труд губи инерцијата и веќе се појавуваат знаци за зголемен притисок врз домаќинствата од страна на забрзаната инфлација, соопштува „Bloomberg“.

Вработувањето се зголеми со 106.000 лица во трите месеци до крајот на август во однос на кварталот од март до мај, откако претходните месеци беа забележани покачувања од над 170.000, покажуваат податоците на Националната статистичка служба.

Растот во вработувањето е доволен за да се задржи невработеноста на 11-годишен минимум од 4,9%, но растот на реалните плати се забавува до најслабото ниво од почетокот на 2015-та година. Приход расте со малку над 2% годишно, а инфлацијата се забрзува поради слабата валута и затоа поскапата нафтата ги зголемуваат увозните цени.

Ова може да ја поткопа потрошувачката и да му наштети на економскиот раст, посочува „Bloomberg“.

Англиската централна банка сигнализира дека може да ја намали каматната стапка уште еднаш, за да ја поддржи економијата по референдумот за „Brexit“. Над 70% од економистите анкетирани од „Bloomberg“, очекуваат олеснување на монетарната политика на седницата на 3-ти ноември.

Бројот на луѓето кои останале без работа, порасна за 10.000 во соодветното тримесечје во однос на претходното до 1,66 милиони, што е првото зголемување од февруари па наваму.

pazar-vb-01

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП