10 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПромоција на книгата „Комедии“ од Венко Андоновски

Промоција на книгата „Комедии“ од Венко Андоновски

%d0%ba%d0%be%d0%bc%d0%b5%d0%b4%d0%b8%d0%b8

Промоција на книгата „Комедии” од Венко Андоновски, збирка на комедиите на еден од најпопуларните писатели на македонската литературна сцена, ќе се одржи во среда во 19 часот, во Театар комедија.

Овие верзии се сценските изведби на текстовите „За секого има по една” во режија на Владлен Александров и „Господарот на кукавицата” во режија на Андреј Цветановски, и двете праизведби на репертоарот на Театар Комедија.

Оваа книга е прва во едицијата „Комедии” кои Театар Комедија ќе ги издава и со тоа ќе ја почне својата издавачка дејност. Досега театарот има поставено шест праизведби на својот репертоар како дел од политиката за зајакнување на националната драматургија, со цел создавање фонд на македонски современи комедии и формирање на своја едиција за издавање на македонските комедии поставени во Театар Комедија.

На промоцијата на книгата ќе се обрати директорката на Театар Комедија, Јелена Жугиќ, Лилјана Мазова како приредувач и промотор на книгата, и самиот автор – Венко Андоновски. После промоцијата публиката ќе има можност да ја купи книгата по промотивна цена и да добие оригинална посвета од самиот автор лично, а од 20 часот ќе може да се присуствува на претставата „Господарот на кукавицата” која ја имаше својата премиера во декември 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП