3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурската лира на рекордно ниско ниво по најавата за промена на уставот

Турската лира на рекордно ниско ниво по најавата за промена на уставот

Image: 0178812510, License: Rights managed, Turkish flag in blue sky, Property Release: No or not aplicable, Model Release: No or not aplicable, Credit line: Profimedia.com, Westend

Турската лира падна на рекордно ниско ниво во однос на американскиот долар. Најниската точка валутата ја регистрираше вчера околу 15 часот, а една лира чинеше 0,32 центи.

Станува збор за најниската забележана вредност на лирата во последните 15 години. За споредба, една турска лира во 2008 година чинеше 0,86 американски долари.

Лирата опаѓа речиси без прекин уште од 22 септември, а економските проблеми се продлабочија по изјавата на премиерот Биналиј Јилдирим дека во парламентот ќе го проследи предлогот за промена на Уставот на Република Турција.

Станува збор за иницијатива на челниците во државата преку измена на уставот што побргу да да ги прошират претседателските надлежности, пренесува Ројтерс.

Изјавата на Јилдирим не само што предизвика слабеење на турската валута, туку и влијаеше и на домашаната берза поради стравот на инвеститорите во врска со амбициите за потенцијално проширување на моќта на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП