4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНикој не се јави на тендерот за продажба на Охис

Никој не се јави на тендерот за продажба на Охис

ohis

До крајниот рок не е пристигната ниту една понуда на јавниот повик за прибирање на понуди за продажба на акциите на Република Македонија и акциите на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во АД Органско хемиска индустрија Наум Наумовски – Борче (ОХИС), соопшти Министерството за економија.

Министерството, велат оттаму, во наредниот период ќе ја информира Владата за исходот од јавниот повик, со цел да се разгледаат сите можни опции и да се добијат насоки за изнаоѓање на трајно ефикасно решение за постигнување целосна реформа на друштвото, стратешко партнерство со инвеститор и натамошно успешно деловно работење на ОХИС АД Скопје.

Крајниот рок за подигање на тендерската документација за јавниот повик за продажба на ОХИС истече во вторникот, а крајниот рок за доставување на понуди денес во 13 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП