28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономскиот раст во Кина останува стабилен на ниво од 6,7%

Економскиот раст во Кина останува стабилен на ниво од 6,7%

kinindu

Економскиот раст во Кина останува стабилен во третиот квартал на ниво од 6,7% на годишна основа, соопштува „Bloomberg“. Така се зголемува шансата властите во Пекинг да ја постигнат својата цел за годишен раст меѓу 6,5 и 7%, како и да го исполнат ветувањето да ги совладаат кредитирањето и растечките цени на имотите.

Со растот од 6,7% на годишна основа податоците ги оправдуваат очекувањата на економистите анкетирани од „Bloomberg“.

Секторот на услуги промовира експанзијата во првите девет месеци од годинава, затоа што оствари зголемување од 7,6 отсто.

Стабилизираниот раст дава простор за дејствување на политиките наменети да ги намалат задолженоста и ризиците во финансискиот систем, за што повикува и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Минатата недела властите во Пекинг објавија насоки за намалување на задолженоста. „Bloomberg“ сепак потсетува дека претходните ветувања биле игнорирани, бидејќи тоа кредитирање ги поттикнува цените на куќите во најголемите градови во Кина.

kinindu1

„Импресивно е што можат да постигнат балон во Катастарот и налудничав раст на долговите“, вели Мајкл Евери, директор на единицата за студии на финансиските пазари во Хонгконг.

Податоците покажуваат дека продолжува пренасочувањето на кинеската економија кон потрошувачка. Растот при продажбата на мало (10,7%) го надминува оној кај индустриското производство (6.1%). Инвестициските трошоци сепак продолжуваат да бидат охрабрени од јавниот сектор (21,1% раст), а угнетените бизнис трошоци (2,5% зголемување) сигнализираат за проблем со високите нивоа на задолженост. За периодот јануари-септември инвестициите во фиксни средства се зголемуваат со 8,2 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП