18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаздвижен трговски ден на МСЕ

Раздвижен трговски ден на МСЕ

berza-makedonija-makedonska-berzi

Во текот на вторничното на берзата за хартии од вредност најголем удел во прометот имаше акцијата на Комерцијална Банка АД Скопје, односно преку две блок трансакции беше истргувано количество од 4.067 акции по цена од 2.603 денари.

Вкупно беа истргувани 5.020 акции по просечна цена од 2.631,24 денари во вредност од над 13 милиони денари.

Од останатите хартии од вредност, акцијата на Алкалоид АД беше најтргувана со промет од 2,18 милиони денари по просечна цена од 5.430 денари и истргувана количина од 402 акции.

Трговскиот ден беше обележан со тргување со поголема палета на хартии од вредност и заврши со промет од 19.163.190 милиони денари реализирани преку 55 трансакции.

Најголем раст на вредноста, од 10 отсто забележа акцијата на Скопски пазар АД Скопје, а по неа следеа акциите на Макошпед АД со раст од 9,18 проценти, и на Окта АД Скопје со раст од 6,21 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП