7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоларот се лизна од највисокото седуммесечно ниво

Доларот се лизна од највисокото седуммесечно ниво

dolar-dolari-berzi

Курсот на американскиот долар се лизна на меѓународните пазари на валути во вторникот на најниското ниво во последните седум месеци, во заднината на падот на приносите на американските државни обврзници, бидејќи вложувачите замае своевидна пауза по бранот продажби на глобалните пазари на обврзници.

Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американската во однос на другите шест најзначајни валути на земјите најголеми трговски партнери на САД, се лизна за 0,2 отсто, на 97,711 поени, откако имаше пад на приносите на американските државни обврзници. Со тоа се лизна од највисокото ниво достигнато во март годинава.

Еврото во таквата атмосфера на пазарите зајакна за речиси 0,2 отсто во однос на доларот, на 1,1017 долари. Курсот на доларот кон јапонската валута горе долу стагнираше во споредба со завршувањето на тргувањето во понеделникот, на 103,96 јени.

Доларот до крајот на септември растеше во однос на споменатата кошница валути за околу 3 отсто, следејќи го растот на приносите на референтните американски хартии од вредност на највисоките нивоа во последните четири месеци, а благодарејќи на јакнењето на очекувањата дека американската централна банка Federal Reserve (Fed) ќе ги подигне каматните стапки до крајот на годината.

„Сведоци сме на многу солидното јакнење на доларот во изминатите неколку седмици, па сметам дека ова што сега се случува е во прв ред последица на добитните продажби отколку на вистинската економска состојба“, толкува валутниот аналитичар Доминик Банинг од банката HSBC.

Пазарите проценуваат дека шансите Fed да ги подигне каматните стапки во декември сега изнесуваат околу 70 отсто. Фокусот на пазарите оваа седмица е насочен на редовната седница на Европската централна банка (ECB) закажана за 20-ти октомври, којашто на вложувачите би требало да им понуди насоки во врска со натамошните потези во монетарната политика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП