20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНавивачите на Интер не го сакат Икарди за капитен

Навивачите на Интер не го сакат Икарди за капитен

%d0%bd%d0%b0%d0%b2%d0%b8%d0%b2%d0%b0%d1%86%d0%b8-%d0%b8%d0%ba%d0%b0%d1%80%d0%b4%d0%b8

Навивачите на италијанскиот фудбалски великан Интер во вторникот објавија дека повеќе никогаш нема да прифатат аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди да биде капитен на екипата по контроверзните коментари изнесени во неговата автобиографија и заканите.

На навивачите на Интер им пречеше верзијата на Икарди за настани од 2015 година, кога еден навивач му наредил на детето да му го врати на Икарди дресот кој му го подарил. Навивачите влегоа во војна со Икарди, во средата, кога излезе неговата биографија, а особено се бесни на делот во кој Аргентинецот опишал момент кога се соочил со еден од водачите на навивачите..

„Ќе се соочам со нив. Колкумина се? 50, 100, 200? Во ред, слушајте ме внимателно, ќе им донесам 100 криминалци од Аргентина и сите ќе ги убијам“, пишува во делот од биографијата на Икарди.

Во неделата во текот на првенствениот дуел против Каљари на „Сан Сири“, кој Интер го загуби со 1-2, навивачите на „црни-сините“ истакнаа неколку навредливи транспаренти на адреса на Икарди, а кога овој го промаши пеналот во првото полувреме при резултат 0-0, тие аплаудираа.

Околу 40 најрадикални навивачи на Интер во неделата се обидоа да се пресметаат со капитенот на тимот Мауро Икарди, по поразот од Каљари. Навивачите прво се обидоа да го пресретнат Икарди додека тој со својот автомобил го напуштал стадионот, а кога тој стигнал пред својот дом таму го чекала уште една заканувачка порака.

Од раководството на Интер објавија дека ќе го казнат својот интернационалец поради коментарите наведени во книгата, но дека нема да му ја одземат капитенската лента, кој последните две години беше најдобар стрелец на клубот.

Најзагрижените навивачи на Интернационале, на својата интернет страница објавија дека „Икарди не е нашиот капитен, ниту сега, ниту некогаш повеќе“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП