16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКомпаниите од Азербејџан заинтересирани за проширување на бизнисот во ЈИЕ

Компаниите од Азербејџан заинтересирани за проширување на бизнисот во ЈИЕ

azjerbaijanecoislands

Владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски денеска во Баку ги претставија  можностите за инвестирање пред триесетина претставници од поголеми азербејџански компании и членови на бизнис заедницата.

Бизнис форумот, организиран во соработка со АЗПРОМО,  азербејџанска економска агенција основана од Министерството за економија и развој го отвори министерот за економски развој Шахаин Мустафајев кој Република Македонија ја претстави како пријателска држава, која е отворена за економска соработка поздравувјаќи ги иницијативите за интензивирање на меѓусебните економски односи.

Тој ја изрази добредојноста на македонските компании во Азербејџан, особено потенцирајќи дека Азербејџан и нејзините главни корзонциуми имаат висок интерес за проширување на инвестициските активности во Европа, поточно во Југоисточна Европа.

Пред присутните ги нагласи главните полиња на интерес на компаниите чија што дејност се одвива во повеќе сфери како што е градежништвото, земјоделството, туризмот и развојот на информатичките технологии.

Свое обраќање, соопшти владината прес-служба, пред присутните имаше премиерот Груевски истакнувајќи дека целта на посетата на Азербејџан е продлабочување и зацврстување на добрата соработка меѓу двете држави, како и презентирање на можностите за унапредување на економската размена и развој на инвестициските можности.

Груевски посочи дека многу други земји имаат богати наоѓалишта на природни ресурси, но Азербејџан му покажа на светот дека е потребна мудрост и визија за да се искористат за доброто на сопствените граѓани, особено што земјата остваруваше раст и во секторите кои не се поврзани со производството на нафта.

Во своето излагање, премиерот Груевски, исто така, посочи дека целта на денешниот бизнис форум е да зборува за она што може да се постигне во годините што следат и да се оствари заедничка корист за граѓаните од двете држави.- Република Македонија го привлече вниманието на светската инвеститорска заедница со нејзиниот брз и сигурен поход кон првите три позиции на најреформските ориентирани земји, според угледниот Дуинг бизнис извештај на Светска банка, и тоа веќе неколку години по ред што докажува дека напорите и реформите кои ги прави државата за подобрување на бизнис климата се темелни и оспежни. Од 94-то место во 2006 година во извештајот за 2013 година Република Македонија се наоѓа на 23. позиција меѓу 185 земји и е највисоко рангирана во однос на која било транзициска економија од Југоисточна Европа. По условите за основање на бизнис државата се наоѓа на 5. позиција, рече премиерот.

Претседателот на Владата Никола Груевски истакна дека неодамна реномираната Прајс вотерхаус Куперс во својот извештај „Плаќање даноци“ за 2013 година ја прогласи Република Македонија за 24.најпријателски настроена земја во светот во однос на даночниот товар и даночниот третман на бизнисите. А додека Форбс објави дека Македонија е второ рангирана во Југоисточна Европа во однос на квалитетот на деловното опружување.

Груевски истакна дека преку потпишувањето на договори за слободна трговија со ЕУ и земјите од ЕФТА и Југоисточна Европа (ЦЕФТА), како и со Турција и Украина сега Македонија е дел од големиот европски пазар со пристап до 660 милиони потрошувачи. Тоа, посочи, веќе го препознаа големи конзорциуми.

Тој истакна дека и покрај кревкиот економски растеж на европскиот континент и генералниот пад на странските инвестиции на глобално ниво Република Македонија успеа да го извлече максимумот во напорите за привлекување инвестиции и така во последниве две години Македонија им посака добредојде на големите конзорциуми како Џонсон Контролс и Кемет електоникс, Кромберт и Шуберт и Дрекслемаер, Виндтек Интернешенел, Протек Групацијата и многу други компании. А во моментот има отворен интерес за инвестирање на други компании, што е силна потврда дека Македонија е на патот на економскиот просперитет.

Груевски ги акцентираше направените реформи на планот за привлекување инвестиции, како што е воведувањето единствена стапка од само 10 отсто на персоналниот данок на доход и данок на добивка, ослободување од оданочување на задржаната добивка, драстично намалување на административниот и регулаторен товар за водење бизнис, а во неколку фази е спроведен и проектот регулаторна гилотина со кој се укинаа несуштинските обврски за основање и водење на бизнисите.

Премиерот додаде дека донесени се повеќе мерки за управување на градежното земјиште со што е поедноставена постапката за градење, намалени се комуналиите, воведени се субвенции за тур операторите, како и други реформи кои позитивно влијаат на бизнис климата.

Од страна на Груевски беа посочени можностите за инвестирање кои им стојат на располагање на инвеститорите, особено што до сега се отворени три технолошки индустриски развојни зони од кои едната во Штип, Тетово и уште едната во Скопје, а планирани се уште седум нови зони. Акцентираше дека тие нудат низа поволности како ослободување на данокот на добивка и данокот на доход во првите 10 години, даночно ослобдување од реинвестирана добивка и ослободување од административни такси, а во зависност на инвестицијата Владата дава субвенција за уредување на земјиштето кое се дава под закуп под поволни услови за период до 99 години и обезбедување инфраструктурни погодности како што е бесплатно приклучување до гас, електрична енергија и комунално поврзување.

Премиерот Груевски заклучи дека предностите кои Република Македониоја ги нуди на заинтересираните бизнисмени, е гаранција дека секој бизнисмен е добредојден да ги вложи своите средства во државата.

На маргините на посетата премиерот Груевски оствари средби со повеќе стопанственици кои се интересираа за инвестициските можности кои ги нуди Република Македонија.

На бизнис форумот своја презентација имаше и заменик претседателот на Владата Владимир Пешевски кој зборуваше за постигнувањата на макроекономски план, економските движења и успешноста во справувањето на македонската економија со предизвиците, како и за реформите во даночниот систем, катастарот и процесот на регулаторната гилотиња.

Пешевски се задржа на важноста од искористување на гасот, како и заинтересираноста на Република Македонија за глобалните проекти на азербејџанските нафтени компании. Свои економски презентации имаа и министерот за привлекување странски инвестиции Бил Павлески, заменик министерот за економија Христијан Делев кои во детали ги запознаа со инвестициските можности арбезејџанските бизнисмени, со деловното опкружување и компаративните предности во повеќе области што Македонија ги нуди како атрактивна инвестициска дестинација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП