8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПослабиот долар и урамнотежените пазари ја поткрепија цената на нафтата

Послабиот долар и урамнотежените пазари ја поткрепија цената на нафтата

nafta33

Цените на нафтата беа поткрепени на меѓународните пазари во вторникот од послабата американска валута и процените дека прекумерната понуда на глобалниот пазар може се намалува во очекувањето на состанокот на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC).

На лондонскиот пазар цената на пазарот порасна за 38 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 51,90 долари. На американскиот пазар со барелот се тргуваше по 45 центи повисока цена, од 50,39 долари.

Одвоено OPEC објави во вторникот дека референтната цена на барелот кошница неговата нафта во понеделникот изнесувала 48, 22 долари, што значи дека паднала за 41 цент во однос на претходниот ден од тргувањето.

Предлогот на OPEC да се намали или ограничи нивото на производството го поткрепи растот на цените на нафтата над 50 долари, но не и многу повеќе, имајќи предвид дека учесниците на пазарот се сомневаат дека членките на картелот ќе постигнат договор за намалување на производството и потоа да го спроведат во дело.

Членките на OPEC ќе се сретнат на 30-ти ноември за да расправаат за намалувањето на производството за околу милиони марели дневно (BPD), од рекордните 33,6 милиони барели дневно колку биле произведени во септември.

Неколку аналитичари предупредуваат, пак, дека вишокот од снабдување на глобалниот пазар можеби се намалува, доколку се земе предвид најновиот податок за резервите. Тие не се на високи нивоа какви што се вообичаено пред зимската сезона на грееше, додаваат.

Така, аналитичарите на „Bernstein Energy“ наведуваат дека „светските резерви на (индустриските и државните) пораснале во третиот квартал за 17 милиони барели, на 5,618 милијарди барели“. Таа е најмал раст од четвртиот квартал во 2014 година, а потврдува дека растот на резервите забавува во процесот на обновување на рамнотежата на пазарот“.

Во „ Citi Bank“, пак, истакнуваат дека падот на резервите во САД, Јапонија, Сингапур и Европа за 35,9 милиони барели. Аналитичарите на „Wood Mackenzi“ прогнозираат дека пазарите ќе се урамнотежат до крајот на годината.

Трговците додаваат дека дополнителната поддршка на цените на нафтата им дава и понеделничкото спуштање на американскиот долар во однос на кошницата валути од највисокото ниво во последните седум месеци. Послабиот долар, во кој се изразени цените на нафтата, ја поевтинува за оние кои ги држат другите валути, па со тоа ја поддржува побарувачката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП