27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМосква очекува одобрување од ЕК за гасоводот OPAL до крајот на октомври

Москва очекува одобрување од ЕК за гасоводот OPAL до крајот на октомври

artik3

До крајот на октомври Европската комисија (ЕК) ќе даде дозвола за работа на гасоводот „OPAL“ со полн капацитет. Ова го објави рускиот министер за енергетика Александар Новак, во интервју за телевизискиот канал „Россия 24“, пишува руската новинска агенција „ТАСС“.

Гасоводот е всушност „продолжетокот“ на „Северен поток“ – од територијата на Германија кон мрежата на природен гас за другите земји во Централна Европа. Во моментов „Газпром“ може да користи само 50% од капацитетот на цевките.

„OPAL“ беше една од главните теми за време на 32-та средба ЕУ-Русија, која се одржа во Брисел во почетокот на 2014-та година. По разговорите тогаш рускиот претседател Владимир Путин, коментираше дека проблемите со продолжението на патот на цевките кон Централна Европа е решен.

Зголемувањето на обемот на „OPAL“ ќе има и клучно значење за реализацијата на вториот дел од проектот „Северен поток“.

Другиот важен проект за „Северен поток 2“ е гасоводот „NEL“, односно продолжетокот на цевките во западна насока. Со овие проекти рускиот гас ќе може да дојде до австриското складиште „Баумгартен“, станува јасно од изјавата на заменик-директорот на „Газпром“, Александар Медведев, објавена на страницата на компанијата.

Должината на „OPAL“ е околу 470 километри и цевките поврзуваат мрежа на природен гас во Германија и Чешка. Акционери во проектот се руската „Газпром“ со 49,98% од капиталот и германската „Wintershall“ која ги држи останатите 50,02%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП