15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГруевски: Посетата на Азербејџан придонес кон зајакнување на политичките и економските односи

Груевски: Посетата на Азербејџан придонес кон зајакнување на политичките и економските односи

nikola-gruevski

Подобрување и зацврстување на политичките и економските односи. Привлекување странски инвеститори од Азербејџан и зајакнување на трговијата и соработката во енергетскиот сектор се придобивките од денешната посета на премиерот Никола Груевски во Баку, каде имаше средби со претседателот Илхам Алиев, премиерот Артур Раси-заде, а беа претставени и можностите за инвестирање во Македонија.

– Се сретнав со претседателот и со премиерот на оваа држава, со кои разговаравме за повеќе работи значајни за доближување на нашите политички и економски релации. Тие планираат градба на два гасоводни системи, едниот е НАБУКО, вториот ТАБ, кои поминуваат доста блиску до македонско-грчката граница и може да биде интересна алтернатива за гас за Македонија во иднина. Најавуваат дека ќе почнат да го градат следната година и дека ќе го завршат до 2018 и тоа е една од интересните работи, изјави премиерот Груевски во Баку.

Според него, Азербејџан е интересна држава за нас и од политички и од економски аспект бидејќи станува збор за земја која се повеќе има компании што инвестираат надвор од државата.

– Азербејџан е една од најбрзо растечките економии во овој регион со огромни стапки на раст, што пред почетокот на светската криза доаѓаа и до 20 проценти, земја многу богата со гас и со нафта, голем извозник на гас и на нафта, меѓутоа земја која што го дивeрзифицира своето производство и голем број од парите што ги заработува од гас и нафта ги инвестира во други бизниси за да има различни портфолија на бизнис во случаи кога цената на нафтата и гасот паѓаат да може да се преживее, односно да не се почитува посериозен економски пад, истакна премиерот.

Тој додаде дека заедно со економски тим од Владата, пред инвеститорите што размилуваат да изберат локација во Европа, ги претставиле сите позначајни фактори што се интересни за нив.

– Македонија е интересна локација во Европа затоа што има најниски трошоци за правење бизнис, има договори за слободна трговија со сите европски држави и има стабилна макроекономска политика и особено важно во овие тешки времиња Македонија е петта држава со најнизок долг во Европа, што е една од поважните работи што се гледаат за економската стабилност на државата, рече Груевски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП