28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕнергетскиот сектор ги притисна индексите на Волстрит

Енергетскиот сектор ги притисна индексите на Волстрит

wall-stre-33

На Волстрит берзанските индекси благо паднаа во понеделникот, што е најмногу последица на притисокот врз акциите во енергетскиот сектор поради падот на цените на нафтата.

Индексот Dow Jones ослабе за 0,29 отсто, на 18.086 поени, додека S&P 500 индексот се лизна за 0,30 проценти, на 2.126 поени, а индексот Nasdaq iсе спушти за 0,27 отсто, на 5.199 индексни поени.

Меѓу најголемите губитници во понеделникот беше енергетскиот сектор, со пад од 0,6 отсто, бидејќи и на американскиот и на лондонскиот пазар цените на нафтата се лизнаа за 0,8 отсто, имајќи предвид дека нема сигнали за намалување на јазот меѓу преголемото производство и слабата побарувачката.

Во фокусот на вложувачите е деловните резултати на компаниите, коишто не се блескави но ниту се лоши, во прв ред, поради ниските прагови коишто ги поставија аналитичари.

Откако 7 отсто од компаниите од составот на S&P 500 индексот ги објавија извештаите, аналитичарите во анкетата на Reuters проценуваат дека во изминатиот квартал заработките на компаниите паднале за 0,4 отсто во однос на истиот лански период, додека пред една седмица очекуваа пад на добивките од 0,7 отсто.

Вложувачите се надеваат дека финансиските извештаи на компаниите ќе покажат дека заработките пораснале првпат по четирите квартали пад, што би ги оправдало високите нивоа на цените на акциите. Инвеститорите се претпазливи и поради претседателските избори во САД на 8-ми ноември, но сé поголемата веројатност дека американската централна банка до крајот на годинава ќе ги зголеми клучните каматни стапки.

Во понеделникот Стенли Фишер, потпретседател на американската централна банка Federal Reserve (Fed), предупреди дека економската стабилност би можела да биде загрозена поради ниските каматни стапки и порача дека централната банка е многу близу своите цели во врска со вработеноста и инфлацијата. Меѓутоа, истакна и дека за Fed не е толку едноставно да ги зголеми каматите.

„Се чини дека Fed сака да ги зголеми каматите оваа година и тоа ќе се веројатно да се следи во декември“, вели Арт Хоган, стратег во компанијата „Wunderlich Securities“.

Зголемувањето на каматите не оди во прилог на пазарите на акциите бидејќи нивните цени, меѓу другите, последните години растеле поради ниските цените на парите и ниските приноси на другите инвестиции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП