3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОтворен Технома 2016 – можност за запознавање со најновите иновации и технолошки...

Отворен Технома 2016 – можност за запознавање со најновите иновации и технолошки достигнувања

%d1%82%d0%b5%d1%85%d0%bd%d0%be%d0%bc%d0%b0

Меѓународниот саем ТЕХНОМА 2016 денес беше свечено отворен за посетителите, кои до 22 октомври ќе можат да се запознаат со најновите иновации и технолошки достигнувања.

„Да се учествува на саем значи да се биде секогаш чекор напред на пазарот и постојано прилагодување на условите на пазарот и на иновациските циклуси во индустријата, “, рече на отворањето Даниела Глигоровска, извршен директор на Скопски саем.

За „Техноинвент“, настан во рамки на Технома, говореше јасмина Поповска, директорка на Фондот за иновации и технолошки развој, која рече дека Фондот сака да ги охрабри сите оние што имаат добра идеја да започнат бизнис или да основаат старт ап компанија.

„Не секогаш е потребна само финансиска помош, која што ја нуди Фондот, туку и мотивација да видат успешни примери во старт ап авенијата и на планираните работилници и конференција. Се надевам дека овие приказни на успешни претприемачи ќе ги мотивираат да се охрабрат и да влезат во водите на бизнис секторот. Оние, пак, кои веќе почнале и воведуваат иновативни решенија сакаме да ги поддржиме и да им помогнеме да обезбедат полесен раст на сопствениот бизнис“, рече Поповска.

Фондот за иновации до сега има поддржано 33 компании со 1,3 милиони евра, а во тек е доделување нова транша од 450 илјади евра.

„Клучот за економски развој на земјава е во развојот на приватниот сектор, така што тој ќе биде во состојба да искреира производи и услуги кои ќе бидат конкурентни на глобалниот пазар. За да се постигне тоа, Владата на Република Македонија е насочена кон креирање на поволно деловно окружување кое ќе ја поттикне иновативноста на домашните компании, а воедно ќе го поддржи и внесот на нови технологии преку влезот на странски инвестиции“, рече министерот за финансии Кирил Миновски.

Свое обраќање имаше и амбасадорот на Република Унгарија во Македонија, Ласло Иштван Дукс кој рече дека присуството на повеќе унгарски фирми на саемот е можност да се зајакне економската соработка меѓу двете држави.

Цената на влезницата изнесува 90 денари, а организаторите очекуваат посета од 25.000 посетители.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП