23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Охрид ќе се одржи петтиот Конгрес на екологисти

Во Охрид ќе се одржи петтиот Конгрес на екологисти

ohrid-222

Петтиот Конгрес на еколозите на Македонија со меѓународно учество ќе се одржи во хотел „Метропол“, Охрид, во периодот од 19-22 октомври со почеток од 12 часот.

Македонското еколошко друштво на овој Конгрес, ќе ги обедини еколозите од различни струки од Македонија со цел промовирање на екологијата како наука, унапредување на еколошката едукација и заштита на животната средина и природата.

„Се надевам дека 5-от Конгрес ќе биде платформа за презентирање на последните научни истражувања од областа на екологијата во Балканот и Југо-Источна Европа. Примивме околу 275 апстракти за трудови коишто ќе се презентираат на овој научен собир. Од нив околу една третина се трудови од македонски научници, а останатите се од наши колеги од Србија, Бугарија, Албанија, Косово, Грција, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Турција и Романија“, изјави Славчо Христовски, претседател на Македонско еколошко друштво по повод одржувањето на Петтиот конгрес на еколози на Македонија.

Одржувањето на овој конгрес е од големо значење за еколозите од Македонија со оглед на тоа што ова е единствен научен собир од ваков тип кај нас. На конгресот ќе земат учество повеќе од 280 научни работници од земјава и од странство со свои научни трудови од областа на екологијата и заштитата на животната средина. Работата на Конгресот ќе се одвива во повеќе секции кои се однесуваат на проучување на популации и екосистеми, хидробиологија, биодиверзитет, шумарство и земјоделство, управување со природни ресурси, загадување и заштита на животната средина, урбана екологија и еколошка едукација.

На Конгресот учествуваат сите активни субјекти кои работат на полето на екологијата и заштитата на животната средина и природата во Македонија. Конгрес на еколози во Македонија се одржува еднаш во четири години а првиот Конгес беше одржан  во 1997 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП