18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIBM дели откази

IBM дели откази

ibm1

Американската информатичка компанија „IBM“ ќе укине помеѓу 1.200 и 1.400 работни места во Франција во наредните две години, покажуваат податоците на синдикатот од компанијата.

Со планот за намалување на бројот на вработените, кој менаџментот ќе го претстави во текот на наредната недела, се предвидува отпуштање на 14 проценти од вкупно 9,700 вработени, пренесува францускиот весник Експрес. Ваквиот потег од компанијата е резултат од покренатите активности за намалување на трошоците на компанијата.

Синдикатот смета дека, доколку динамиката на делење откази биде балансирана во 2013 и 2014 година, намалувањето на бројот на ваботените би можело да се реализира по пат на доброволно напуштање или доброволни откази, како дел од планското управување со човечките ресурси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП