5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе потпишаа договори со Азербејџан за одбегнување на двојното оданочување и взаемна...

Се потпишаа договори со Азербејџан за одбегнување на двојното оданочување и взаемна заштита на инвестиции

azerbejdzan

Продлабочувањето на економските односи преку презентирање на можностите за инвестиции, како и олеснување на процедурите за економската соработка меѓу заинтересираните субјекти од Македонија и  Азербејџан беше главен фокус на денешната средба меѓу македонскиот премиер Никола Груевски и неговиот колега од Азербејџан, Артур Раси-заде.

Двајцата соговорници, како што соопшти владината прес-служба, ја констатираа потребата од правно регулирање на билатералните односи во областите од заемен интерес, со оглед дека заокружувањето на договорната рамка ќе биде поттик за поврзување на стопанските субјекти на двете држави.

Во таа насока, како што се наведува во соопштението, беше и склучувањето на двата договора кои ги потпишаа премиерите на Република Македонија и Република Азербејџан. Првиот е Договор за одбегнување на двојното оданочување и заштита на фискална евазија во однос на даноците од доход и данокот на капитал, и вториот договор меѓу Република Македонија и Република Азербејџан за поттикнување и заемна заштита на инвестиции.

Премиерот Груевски истакна дека овие договори ќе се олеснат економските односи, но и динамизираат инвестициските активности и процеси меѓу двете држави. Со ваквиот чекор Република Македонија станува попрвилечна бизнис дестинација за азербејџанските бизнисмени.

На средбата Груевски беше информиран од Раси-заде за намерата на Република Азербејџан да изгради два гасоводи, едниот НАБУКО и вториот ТАБ кој што поради близината до Македонија може да биде интересен за Република Македонија кога станува збор за искористување на гасот како енергенс и според најавите, Азербејџан ќе започне со изградба следната година, а ќе завршат со негова целосна реализација до 2018 година.

Премиерот Груевски на средбата ги акцентираше предностите на Република Македонија како потенцијална бизнис дестинација за компаниите од Република Азербејџан, посочувајќи дека Македонија е држава со најниски трошоци за правење бизнис, има склучено договори за слободна трговија со сите европски држави и се води стабилна макроекономска политика и она што е најважно Република Македонија е петта најмалку задолжена држава во Европа, што исклучително придонесува за стабилноста на една држава и е добар показател за потенцијалните инвеститори. Груевски изјави дека посетата на Азербејџан ги подобрува и зацврстува политичките односи, но пред се економските односи во смисла на привлекување на инвестотори од Азербејџан и соработка во енергетскиот сектор што е исклучително важна работа.

Премиерот Раси-заде се заблагодари на посетата потенцирајќи дека за него е од особен интерес зајакнувањето на економската соработка која треба да се подигне на повисоко ниво следејќи ги одличните политички односи меѓу двете држави.

Премиерот на Азербејџан истакна дека посетата на премиерот Груевски ќе даде позитивен инпулс за дополнително продлабочување на економските односи, со намера за нивно натамошно надградување. Тој потенцираше дека Република Азербејџан остварува одлични економски резултати во последните неколку години и тие како држава се заинтересирани за проширување на инвестициските активности.

Во оваа прилика премиерот на Азербејџан ја повтори отворената поддршка за Република Македонија потенцирајќи дека пријателството ќе се преслика и во меѓународните организации каде двете држави имаат заеднички интерес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП