28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономистите очекуваат ВоЕ да ги намали каматните стапки

Економистите очекуваат ВоЕ да ги намали каматните стапки

bank-of-england-335

Неколку дена откако гувернерот на Англиската централна банка (ВоЕ) изјави дека ќе толерираат повисока инфлација во името на поддршка за економијата, над 70% од економистите во месечното истражување на „Bloomberg“ сметаат дека Комисијата за монетарна политика ќе ја намали основната каматна стапка до 0,1%. Следниот состанок на „ВоЕ“ е на 3-ти ноември, а тогаш ќе бидат објавени и новите макроекономски проекции.

По референдумот за „Brexit“ на крајот на јуни британската фунта поевтини за околу 18% и тоа ги става централните банкари пред дилема, бидејќи слабата валута ја забрзува инфлацијата.

Додека ги подготват новите проекции за кварталот, централните банкари ќе треба да го имаат во предвид влијанието на девизниот курс, па Марк Карни ќе треба да разгледа внимателно кога ќе дојде време за следните олеснувања.

„Исклучително тешко е овој пат особено поради фунтата, која поевтини толку многу”, вели Викторија Кларк, економист во „Investec“ во Лондон, која очекува да има намалување на камататните стапки на почетокот на следниот месец. Во август „ВоЕ“ ја намали основната каматна стапка од 0,5% до 0,25%.

Прогнозите на економистите сепак се повеќе се разликуваат од оние на пазарите, според кои веројатноста од намалување на каматните стапки во ноември е само 5%. По седницата на „ВоЕ“ во септември овие шанси беа околу 17%.

Освен дека фунтата повторно достигна 30-годишен минимум претходно во овој месец, државните обврзници исто поевтинуваат, а приносот на 10-годишните обврзници се зголемија до највисокото ниво од времето непосредно по референдумот.

Подобро од очекуваните податоци од јуни наваму всушност може да ја усложнат ситуацијата. Тие може да направат централните банкари да ги подобрат очекувањата за растот. Од регулаторот веќе ги зголемија прогнозите за економскиот раст во третиот квартал. Претставниците на банката Мајкл Саундерс и Кристин Форбс веќе изјавија дека изгледите може да не се толку слаби што се сметаше во август.

„Тешко е растот и инфлацијата де се ревидираат нагоре и истовремено да се ублажува политиката„, вели Џејсон Симпсон, стратег во „Societe Generale“ во Лондон. „Покрај тоа има дополнителна компликација при евентуално намалување на каматите, а тоа не се очекува од пазарите, бидејќи постои ризик од натамошно поевтинување на валутата“, вели тој.

Исто така денеска излегоа податоците за инфлацијата, која се забрзува до речиси 2-годишен врв при ниво од 1% на годишна основа. Прогнозите беа за раст на потрошувачките цени од 0,9 отсто.

Очекувањата за инфлацијата во третиот квартали се за просечно 1,2 отсто. Прогнозите се таа да се забрзува во 2017-та година до 2,2%, а во 2018-та година до 2,3 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП